Италијанскиот менаџер со холандски пасош, Мино Рајола, секогаш има интересни и провокативни интервјуа и не разочара во последното во кое зборуваше за своите клиенти Пол Погба, Златан Ибрахимовиќ и Џиџио Донарума.
Рајола пристигна во Милано, каде што се оддржуваше собранието на Лега Серија А, и прва тема беше можното враќање на Пол Погба во Јувентус, но посочи дека не може да зборува повеќе за тоа, откако претходните коментари предизвикаа лута реакција од Манчестер јунајтед.
„Повторно ќе кажам, оставете го на мир, не можам да зборувам за Погба бидејќи луѓето стануваат нервозни и не спијат навечер. Подобро да не зборуваме. Работиме тивко. Кога зборувам, луѓето се навредуваат. Нема да кажувам што е можно, а што не е“, вели Рајола.
Околу двајцата фудбалери на Милан, Донарума и Ибрахимовиќ, чии договори завршуваат на крајот на сезоната тој исто така беше јасен.
„Ибрахимовиќ не ме изненадува. Кажав дека Златан е единствениот кој може да го спаси Милан и бев во право. Џиџио треба да го оставите малку, бидејќи сака да оствари нешто важно за Милан и неговата кариера. Другите работи ќе бидат направени тајно“, вели Рајола.