Top Sport

ЛШ: Мешков го „смачка“ Кјелце, Разгор со најубавиот гол во 2021

Мешков Брест ги продолжи одличните настапи во Лигата на шампионите, триумфирајќи лесно со 35:30 над Кјелце во соседската белоруско-полска битка за да се зацврсти на третото место на табелата во групата А, веднаш зад ривалите и Флензбург.

Кјелце поведоа на стартот на мечот, но Мешков направи пресврт и имаше +5 во првото полувреме, предност која порасна и на +10 во второто полувреме за конечни 35:30. Поранешниот вардарец, Сташ Скубе беше најефикасен за Кјелце со седум гола, но најатрактивниот го постигна Словенецот Симон Разгор.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ГРУПА А

Мешков Брест – Кјелце 35:30 (15:11)

Пик Сегед – Порто 35:31 (18:12)

Табела: 1.Кјелце 15, 2.Флензбург 15, 3.Мешков Б. 11, 4.ПСЖ 8, 5.Порто 8, 6.Сегед 6, 7.Елверум 4, 8.Вардар 3

Scroll to Top