Top Sport

Фернандо Алонсо удрен од автомобил додека возел велосипед!

Фернандо Алонсо е „свесен“ и чека прегледи во петок наутро во болницата во Швајцарија, откако двократниот Формула 1 шампион беше вклучен во несреќа додека возел велосипед, потврди неговиот тим, Алпине Ф1.

Италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“ тврди дека Алонсо тренирал во близината на Лугано кога бил удрен од автомобил и иако додаваат дека е можно тој да има фрактури, сепак, повредите не се од најсериозен карактер.

39-годишниот Алонсо се враќа во Формула 1 по две сезони тркање во други категории, и тоа со Алпине Ф1, поранешниот тим на Рено, со кој ги освои титулите во 2005 и 2006 година.

Алонсо последен пат беше во болид на крајот на декември, кога го возеше болидот на Рено до 2018 година, и се враќа во спортот 20 години откако дебитираше со Минарди во 2001, по што оствари 32 ГП победи и 97 подиуми со Рено, Мекларен и Ферари.

Scroll to Top