Top Sport

Атлетик и Леванте во Валенсија ќе одлучуваат за тоа кој ќе биде финалист

Атлетик Билбао не успеа да стигне до предност во првиот полуфинален меч од Кралскиот куп против Леванте, откако гостите во поголемиот дел од мечот имаа водство и на крајот ќе си заминат во Валенсија со 1:1 и со надежи дека можат да стигнат до големото финале, прво во историјата на клубот.

Гонзало Мелеро им донесе неочекувано водство на гостите во 26. минута, пред Атлетик да израмни преку Ињиго Мартинез во 58. минута. Македонскиот репрезентативец, Енис Барди беше стартер на мечот и одигра 81. минута пред да биде заменет.

Во другото полуфинале, Севилја вчера со 2:0 ја совлада Барселона во првиот меч. Двата реванши се играат на почетокот на март.

Scroll to Top