Александар Зверев во машка, односно Арина Сабаленка и Наоми Осака, надмоќно изборија пласман во четвртото коло на Австралија опен. Турнирот заврши за осмиот носител, Диего Шварцман.
Најдобриот германски тенисер, за еден час и 46 минути, го декласира 32.носител Адријан Манарино со 6/3, 6/3, 6/1.
Шестиот носител, Зверев, во наредната рунда ќе игра против Србинот Душан Лајовиќ. Србинот, 27.носител, во четири сета го победи Педро Мартинез.
Третото коло, речиси без борба го мина и Григор Димитров. Бугаринот со 6/0 го доби првиот сет против Пабло Карењо-Буста, а потоа Шпанецот го предаде мечот.
Изнеандување направи Асиан Карашев од Русија, кој го елиминира осмиот носител Диего Шварцман. Карашев, 114. на АТП листата, славеше во три сета, со 6/3, 6/3, 6/3.
Белорусинката Арина Сабаленка, само ја потврдува добрата форма и најавува дека може да стигне далеку на овој турнир. Седмата носителка ја декласира Американката Ен Ли со 6/3, 6/1.
Наоми Осака, исто така, запиша убедлив триумф. Јапонката, инаку трета носителка, со 6/3, 6/2 ја победи Онс Џабир од Тунис. Осака во наредната рунда ќе игра против Гарбиње Мугуруса.
Шпанката, која лени играше во финалето, ја прегази Казахстанката Зарина Дијаз со 6/1, 6/1.
Серена Вилијамс, имаше проблеми во првиот сет со Анастасија Потапова, го доби во тај-брејкот, а потоа лесно го доби вториот сет со 6/2.