Манчестер јунајтед не го крие интересот за Џејдон Санчо, меѓутоа минатото лето немаа намера да платат 120 милиони евра за овој талентиран фудбалер.
Финансиската криза, како што пишуваат медиумите, ќе ги натера челниците на Борусија Дортмунд, да продадат неколку играчи, а еден од нив е и Санчо.
Пред неколку дена, познатиот новинар Фабрицио Романо тврдеше дека „милионерите“, би прифатиле понуда од 95 милиони евра, додека пак Англичаните се со став дека „црвените ѓаволи“ ќе го добијат фудбалерот по дисконтна цена.
Наводно, Борусија Дортмунд би прифатиле сума од 60 милиони евра.