Аргентинскиот тренер на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино ги отфрла шпекулациите дека во неговиот договор со францускиот шампион оставил клаузула за ослободување од договорот ако го повикаат Реал Мадрид, објаснувајќи дека планира да помине „многу години“ во Франција.
Поранешниот тренер на Еспањол, Саутемптон и Тотенхем, беше именуван како наследник на Томас Тухел во ПСЖ на 2 јануари и наводно има само 18-месечен договор, но планира подолг престој во богатиот клуб.
„Во мојот договор дефинитивно нема клаузула ако Реал Мадрид ме повикаат. Среќен сум во ПСЖ и се надевам дека ќе останам повеќе години таму“, изјави Почетино за аргентинските медиуми.
Во минатото, Почетино признаваше дека работата во „кралскиот“ клуб би било остварување на сонот, но 48-годишниот Аргентинец не сакаше да зборува за тоа дали може да го замени Зинедин Зидан.