Top Sport

Мурињо влезе во јавна војна со Герет Бејл!

Жозе Мурињо го обвини Герет Бејл дека објавил „целосно погрешен“ пост на социјалните мрежи за неговата физичка подготвеност, зголемувајќи ги тензиите со велшката ѕвезда кои конечно излегоа во јавност.

Додека Тотенхем патуваа во Ливерпул за мечот со Евертон во ФА купот во средата, Бејл, кој не беше во тимот откако се пожали на повреда, на Инстаграм објави дека имал „навистина добра сесија денеска“.

Откако претходно Мурињо се обидуваше да ги држи тензиите внатре во тимот, сега стана јасно дека Бејл, кој се врати во својот стар клуб како позајмен фудбалер од Реал Мадрид, не е подготвен за игра и Португалецот даде детално објаснување.

„Морам да признаам дека тој пост донесе потреба да реагирам. Имаше контрадикции меѓу постот и реалноста. Од почетокот на сезоната, во однос на сите работи се обидував да ги држам во приватаноста, но сега мора да се реагира. Тој пост можеби не беше негова одговорност, односно има човек кој ги поставува, но во него сака да се покаже дека тој тренира и е подготвен, што е тотално погрешно. Последен пат повторувам дека нема да има дополнителни прашања за тоа. Ситуацијата е таква како што јас ја кажав. Не се чувствуваше добро, побара скенирање. Имаше скенирање, тоа не покажа повреда, но чувството остана и тој побара помош од нашите тренери, научници и медицински луѓе, бидејќи чувствата на фудбалерите се поважни од нашите. Така, тој не беше подготвен за меч. Толку е едноставно“, вели Мурињо.

Бејл нема комплетирано цел меч во Премиер лигата оваа сезона, а кога пристигна кај Спарс имаше повреда на коленото. Сепак, надежите беа дека тој даде поинаква димензија на нападот покрај Хери Кејн и Сон Хеунг-Мин, но на крајот и на Мурињо и на фановите на Тотенхем им стана јасно дека проблемите кои ги имаше во Реал Мадрид не беа вина на шпанскиот клуб и на Зинедин Зидан.

Scroll to Top