Оле Гунар Солскјер признава дека Манчестер јунајтед ќе има нефер предност во двобојот со Реал Сосиедад во Лига Европа, откако УЕФА реши шпанскиот клуб својот домашен меч ќе го игра во Торино, Италија.
Мечот од осминафиналето беше „преселен“ во Италија поради ограничувањата за влез од Велика Британија во Шпанија поради КОВИД-19, а Јунајтед потоа својот домашен меч ќе го играат на „Олд Трафорд“ според планираното.
„Патувањето низ Европа во моментов е тешко и тоа не е одлука која ние ја донесовме. Но, кога еден меч е на неутрален терен, тогаш другиот тим има предност бидејќи има домашен меч. Но, ние не го одлучивме тоа, не кажавме, ајде да се сретнеме во Торино. Јас би сакал да се одигра само еден меч, не би било проблем, меч помалку за нас“, вели Солскјер.
Претходно, Сосиедад јавно се побунија на одлуката на УЕФА, но потврдија дека ќе го почитуваат планот.
Сосиедад се жалат дека Манчестер јунајтед добиле нефер предност