Top Sport

Диего Симеоне го повика најмладиот син во А-тимот на Атлетико

Џулијано Симеоне, најмладиот син на Диего Симеоне, првпат доби шанса да тренира со првиот тим на Атлетико Мадрид, откако неговиот татко беше приморан да го повика на „помош“.

18-годишниот Симеоне Јуниор постигна гол за Б-тимот на Атлетико против Навалкарнеро во средата и повикан во тимот е да помогне откако Жоао Феликс и Муса Дембеле уште се опоравуваат од корона вирусот.

Тинејџерот доби шанса да тренира покрај Луис Суарез, Анхел Кореа и Коке, и ќе биде достапен за тимот за саботниот меч против Гранада.

Џулијано е поранешен играч на академијата на Ривер Плата и е трет син на Симеоне, откако и првите двајца се активни фудбалери. 25-годишниот Џовани Симеоне е дел од италијанскиот Каљари, додека 22-годишниот Џанлука Симеоне игра во шпанскиот четвртолигаш Ибица.

Scroll to Top