Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон смета дека Аргентина е меѓу главните фаворити за освојување на титулата на Светското првенство во Русија.
Аргентина, синоча во Манчестер, ја победи Италија 2:0, во пријателски натпревар. Дуелот против Аргентина беше 176. во репрезентативната кариера на Буфон.
„Можеше да заврши нерешено, 0:0, 1:1 или 2:2, меѓутоа Аргентинците ги реализираше своите шанси, а ние не. Италија е во фаза на реконструкција на тимот, откако испаднавме во баражот. Тое не се случува често, во некоја друга ера Италија и Аргентина би биле земјите што би играле полу-финале или финале на светско првенство“, рекол Буфон.
„Аргентина има огромен потенцијал, одлични фудбалери и според мене тие се најголемите кандидати за титулата на мундијалот. Тука уште се и Бразил, Германија и Шпанија“, дополнил Буфон.
Аргентина на СП во Русија во првата фаза ќе игра против Хрватска, Нигерија и Исланд.