Top Sport

Хрватски фудбалер почина на натпревар

На денешниот натпревар Марсонија и Славонија, почина домашниот фудбалер Бруно Бобан (26), откако му се слошило во 15.минута.

Медицинската екипа и клупскиот доктор интервенирале веднаш, но не успеале да го реанимираат несреќниот фудбалер.

Бобан бил најдобар стрелец во Третата хрватска лига – Исток, со 12 гола. Во минатото коло постигнал два гола, во победата на Марсонија од 3:0 над Вартекс.

Бруно Бобан, во кариерата, во дресот на Загреб, одиграл и 18 натпревари во Првата хрватска лига.

Scroll to Top