Репрезентација на Македонија, фудбалери до 17 години, го забележа и вториот пораз на квалификацискиот турнир во Полска, за пласман на Европското првенство во Англија. По поразот од 3:0 во дуеот со Република Ирска, У-17 репрезентацијата со истиот резултат е поразена и од Полска, во второто коло.
Полска до победата над Македонија стигна со головите на Зук во 30., Бида во 67. и Рихер во 72.минута од натпреварот.
Во вториот натпревар од групата Република Ирска ја победи Грузија со 2:0.
Во пресрет на последното коло Ирска води со 6 бода, Полска е втора со 4, Грузија има еден бод, а Македонија ниту еден.
Македонија во последното коло, на 27.март, ќе игра против Грузија.
https://www.facebook.com/percuk/videos/10214261843807520/