Откако во четврокот освои сребро во велеслалом, 26-годишната швајцарска скијачка Корина Сутер денеска стана нова светска шампионка во спуст на СП во италијанска „Cortinа d’Ampezzo“.
Сутер до своето прво злато на СП стигна со време 1:34.27 минути.
Изненадувањето на денешниот спуст го направи 24-годишната Германка Кира Вајдл која зад Сутер заостана само 20 стотинки, доволно за сребро што за неа е прв медал на големо натпреварување.
Бронзата во спуст оди за 29-годишната Лара Гут-Бехрами која претходно стигна до златото во супервелеслалом. Таа зад репрезентативната колешка заостана 37 стотинки.
Натпреварите во „Cortinа d’Ampezzo“ продолжуваат утре со спустот кај мажите. Почетокот е во 11 часот.