На четирите попладневни мечеви во германската Бундеслига ниту една екипа не забележа триумф, сите мечеви завршија со поделба на бодовите.
Баер Леверкузен беше најблиску до трите бода, но против Мајнц прими гол во последните моменти за конечни 2-2.
Во 14 минута Аларио донесе предност за домашните, а Шик во 84 минута погоди за комотни 2-0.
Сепак гостите не се предадоа. Најпрво Глецел во 89 минута намали на 2-1, а конечниот резултат беше дело на Штогер во 92 минута.
Со истиот резултат заврши и мечот во Дортмунд меѓу Борусија и Хофенхајм.
И на овој меч домашните поведоа, Санчо прецизно стрелаше во 24 минута за 1-0. До крајот на полувремето Хофенхајм преку Дабур израмни на 1-1.
Во 51 минута со голот на Бебу гостите поведоа со 1-2, но конечните 2-2 ги постави Ерлинг Халанд во 81 минута од мечот. Вредно за напомена е тоа што Норвежанецот постигна гол додека противнички играч лежеше на теренот, па настана мешаница на теренот по потигнатиот погодок.
Штутгарт и Херта одиграа 1-1. Калајџиќ во 45 минута донесе предност за домашната екипа, а голот за еден освоен бод за тимот од Берлин го постигна Нетц (на асистенција на Кедира) во 82 минута.
Немаше голови на мечот во Бремен меѓу Вердер и Фрајбург.