Top Sport

Ескриба се врати во Елче

Фран Ескрба по шест години се врати во Елче. Претпоследниот тим на табелата во Ла Лига, остана без тренер, во петокот, кога по поразот од Селта, Хорхе Алмирон поднесе оставка.

Елче, сезонава се врати во Ла Лига, одлично започнаа со три победи во првите пет рунди, но сега се наоѓаат во серија од 16 натпревари без победа. Поради тоа се претпоследни, со само 18 поени, но од безбедната зона ги делат само три бода.

Фран Ескриба е легенда на Елче, во 2015 година, по пауза од 24 години тој успеа да избори промоција со клубот во Ла Лига. Ескриба го предводеше Елче од 2012 до 2015 година.

Во кариерата, Ескриба, бил тренер и во Хетафе, Виљареал и Селта, а како помошник работел во Валенсија, Бенфика и Атлетико Мадрид.

На клупата на Елче, Ескриба ќе дебитира во сабота, против Еибар.

Scroll to Top