Данската тенисерка Каролина Вознијацки пријавила дека на мастерсот во Мајами добивала смртни закани. Вознијацки доживеа елиминација од Моника Пуиг, но како што рекла не можела да го поднесе однесувањето на навивачите.
„Пред неколку ноќи бев поразена од одлична противничка, која исто така е моја голема пријателка. Свесна сум дека е тенис игра која носи победи и порази. Сепак, во текот на ноќта, од публиката добивав закани. Ми се закануваа мене и на моето семејство, ја посакуваа смртта на моите родители, со погрдни зборови им се обраќаа на 10-годишните внуци на мојот свршеник“, напишала на Твитер данската тенисерка.
„Луѓето од обезбедувањето не презедоа ништо, туку тоа го прифатија како да е нормална работа. Се надевам дека луѓето во Мајами ќе преземат сериозни чекори бидејќи ова е лош пример за наредните генерации на тенисери и навивачи“, пишува Вознијацки во своето соопштение.
— Caroline Wozniacki (@CaroWozniacki) March 24, 2018