Top Sport

Подготвени за дерби – Златан и Лукаку на мурал пред „Сан Сиро“

Во недела во Милано ќе се живее за фудбал откако старите градски ривали Милан и Интер повторно ќе се судрат, овојпат можеби во клучен меч за борбата за скудетото, така што не чуди што пред „Сан Сиро“ се појави мурал на двајцата фудбалери кои го одбележаа претходниот дуел – Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку.

Покрај дуелот од Копа Италија од 26 јануари, кога Интер победи, а Лукаку и Златан имаа близок „контакт“, на муралот има и порака на англиски: „Face to face, heart to heart“ (Лице во лице, срце до срце).

Милан го доби првото „Дерби дела мадонина“ со 2:1 во октомври, но го загубија дуелот во четврт-финалето на Копа Италија, а по поразот од 2:0 од Специја во саботата, Интер има еден поен пред Милан на табелата.

Scroll to Top