Top Sport

Сари ги одбил Марсеј, втор избор е Сампаоли

Поранешниот тренер на Јувентус, Челси и Наполи, Маурицио Сари одбил да стане тренер на Олимпик Марсеј, и се очекува поранешниот европски шампион на клупата да го донесе ексселекторот на Аргентина, Хорхе Сампаоли.

Андре Вилаш-Боаш доби отказ во февруари поради „повторување на однесувањето со кое сериозно наштети на клубот“, по конфликтот со управата на Марсеј, и според „Калчомеркато“, нивни прв избор бил Сари, кој уште е под договор со Јувентус, иако беше отпуштен минатото лето.

Сари ги одбил, бидејќи решил да го исполни договорот со Јувентус (односно да ги земе сите плати кои му следуват од договорот). Францускиот клуб во јануари донесе двајца фудбалери од Серија А, Пол Лирола од Фиорентина и Аркадијуш Милик од Наполи.

Scroll to Top