Наоми Осака лесно избори пласман во полу-финалето на Австралија опен. Јапонката за 68 минути ја победи Су Веј Хсије од тајван со 6/2, 6/2.
Осака, во првиот сет против 35-годишната Хсије, направи два брејка, во четвртиот и шестиот гем. Вториот сет го отвори со брејк и водство од 3:0, а мечот го заврши во осмиот гем кога ја искористи третата меч топка.
Осака втор пат во кариерата избори пласман во полу-финалето на овој турнир. Во 2019 година, кога стигна до оваа фаза таа и ја освои титулата.
За пласман во финалето, Јапонката, ќе се бори против Серена Вилијамс или Симона Халеп.