Top Sport

Алонсо пуштен на домашно лекување

Поранешниот светски шампион во Формула 1, Фернандо Алонсо, ја напушти болницата во Лугано. Возачот на Алпин Рено, во четвртокот, доживеа несреќа, кога во него удрил автомобил додека возел велосипед.

Шпанецот, веднаш бил префрлен во болница, а во петокот имал операција на вилицата. Скршените заби ги заменил со импланти.

Неговиот тим потврди дека процесот на рехабилитација, Алонсо, ќе го продолжи во својот дом и дека тој ќе биде подготвен за стартот на новата сезона.

Сезоната во Формула 1 ќе започне на 28.март во Бахреин. Претходно тимовите ќе тестираат на патеката во Бахреин.

Scroll to Top