Големо внимание во домашната јавност, во неделата, предизвика објавата со која Горан Пандев распука по челниците на Фудбалската федерција на Македонија. Легендарниот фудбалер, се огласи на „Инстаграм“, откако поради лошите временски услови, ФФМ, ги одложи натпреварите што требаа да се одиграат во неделата, а не го направија тоа во саботата со натпреварот Академија Пандев и Работнички. Во својот пост, Пандев напиша дека е подготвен да се тргне на страна доколку не се сменат некои работи во македонскиот фудбал.
Рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во репрезентацијата, во интервју за „Дрнка.мк“, открил што му пречи во македонскиот фудбал.
„ Ја кажав само вистината како стојат работите во мак фудбалот. Ова не е само од последниот натпревар што се одигра во саботата, туку тоа е и од минатото првенство. Знаеме дека првенството беше прекинато заради пандемијата а имаше уште неколку кола да се доиграт и никој не презеде одговорност а клубовите потрошија. Јас зборувам за нашиот клуб. Потрошивме куп пари а на средината од првенството се прекина а бевме и во полуфиналето од Купот. Но никој не презеде одговорност. Видовме кои екипи излегоа во Европа и се заташка работата. Помош нула. Сега во вакви услови дозволија да се игра натпревар а се знаеше какви ќе бидат временските услови за време на викендот во Македонија уште пред 5-6 дена. Некој си таму делегат и некои луѓе кажале дека теренот е добар и имало одлични услови за игра и можело да се игра. Добро е што немаше повредени . Не сум против претседателот на ФФМ но треба да се чукнат во глава да размислат како го водат нашиот македонски фудбал бидејки нашиот фудбал така не може да продолжи….“, рекол Пандев.
На овој линк, може да го прочитате комплетното интервју на Пандев.