Top Sport

Сари ја одбил понудата од Марсеј

Поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус, Маурицио Сари, ја одбил понудата од Марсеј да застане на кормилото на клубот од „Велодром“. Олимпик Марсеј, пред две недели останаа без тренер, кога Андре Вилас-Боша поднесе оставка, која претседателот на клубот ја прифати.

Маурицио Сари е без работа од крајот на минатата сезона, кога се раздели со Јувентус. Тој на луѓето од Марсеј им соопштил дека не сака да работи во Франција.

Инаку, Сари, се уште зема плата во Јувентус бидејќи не го раскина договорот со „старата дама“.

Француските медиуми објавија дека челниците на Олимпик Марсеј, откако ги одбил Сари, испратиле понуда до поранешниот селектор на Аргентина, Хорхе Сампаоли.

Scroll to Top