Top Sport

Серена ја декласира Халеп

Серена Вилијамс ја декалсира Симона Халеп со 6/3, 6/3 и се пласира во полу-финалето на Австралија опен. Американката, во Мелбурн ќе се обиде да го израмни рекордот од 24 Гренд слем титули, кој е во сопственост на Маргарет Кох.

Серена Вилијамс за 80 минути, успеа да го избори своето деветто полу-финале во Мелбурн, вкупно 39. во нејзината кариера. За пласман во финалето таа ќе игра против Наоми Осака.

Против Халеп, втората носителка на турнирот, доминираше од првиот до последниот поен, иако Романката имаше свои шанси. Клучниот брејк, во првиот сет, Вилијамс го направи во шестиот гем.

Во вториот сет Халеп влезе подобро, водеше со 3:1, но сетот со пет гема во низа го заклучи Серена.

Во меѓусебните дуели Серена сега води против Халеп со 10:2.

Scroll to Top