Top Sport

Луис Суарез и тајната клаузула во договорот

Луис Суарез е клучниот фактор за блескавата сезона на Атлетико Мадрид. Уругваецот, во финишот на предниот рок пристигна во Мадрид, откако беше избркан од Барселона.

Ветеранот, во досегашниот тек од сезоната, има одиграно 18 натпревари во Ла Лига и ја предводи листата на најдобри стрелци со 16 голови.

На пола од сезоната, Суарез си го заработи бонусот од 1.000.000 евра. Во договорот има клаузула дека овој бонус му следува доколку постигне најмалку 15 голови во целата сезона.

Шпанските медиуми открија дека во договорот постои уште една тајна клаузула. Според неа, Суарез може да го напушти Атлетико, без обесштетување, по завршувањето на сезоната. Двете страни инаку договорија соработка до јуни 2022 година.

Како стојат работите, Уругавецот, нема да ја активира оваа клаузула. Тој и тимот имаат одлична сезона, а самиот неколку пати истакна дека одлични бил прифатен од соиграчите.

Scroll to Top