Ентони Дејвис, ѕвездата на актуелниот НБА шампион ЛА Лејкерс ќе биде надвор од теренот најмалку 2 недели, можно е и цел месец да паузира поради повреда на Ахиловата пета која ја заработи во текот на неделниот двобој со Денвер Нагетс.
„Езерџиите“ објавија дека прегледот на магнетната резонанца покажала дека има напукнување на тетивата.
Дејвис минатата седмица поради сличен проблем пропушти два меча, а во неделата пак беше на паркетот. При крајот на втората четвртина се судри со Никола Јокиќ по што го напушти мечот.
Прогнозите се дека најрано на паркетот би бил на почетокот на март, но поверојатно е дека ќе се врати во акција по паузата за Ол-стар мечот, по 10 март.