Македонската ракометна репрезентација по вторпат ја совлада репрезентацијата на Фарските Острови, овојпат со 28:24 во Скопје.
Девојките го контролираа мечот од почетокот до крајот предводени од Мирјета Бајрамовска и Елена и Душица Георгиевски. На полувреме резултатот беше 14:8 за Македонија, по што во второто полувреме имаше мал пад на играта за гостинките да се вратат на 24:20.
Најефикасна кај Македонија беше Саздовска со седум голови, Ѓорѓиевска додаде шест, додека на голот Петковска имаше 12 одбрани.
Победата на составот на селекторот Симе Симовски е одлична, меѓутоа летово следуваат мечевите со Шведска и Србија, кои се далеку посериозни противници од кои ги загубивме првите мечеви.
Фото: РФМ