По обидот за грабеж во нивниот дом во Чешајр во август 2016 година, Вејн Руни реши да го пресели своето семејство во новиот „супер-дом“ вреден 20 милиони фунти во близината на Манчестер.
Руни и неговата сопруга Колин не штедеа во опремувањето на домот како што покажуваат фотографиите на „Дејли мејл“ – на земјиштето од 160 илјади квадратни метри ќе има дом со шест спални соби, фудбалски терен, винска визба, како и езерца за рибарење и место за коњичка ергела.
Внатре ќе има и сауна, затворен базен, џакузи, вежбална, кино-соба со 10 седишта и соба за снукер.
Колин и Вејн Руни имаат четири сина – Кит, Каи и Клеј, и најмалиот Кес Мек Руни, кој се роди во февруари.