Top Sport

Ултрасите на Коло-Коло се заканија: Победете или ќе ве убиеме!

На славниот чилеански клуб Коло-Коло му се заканува испаѓање од првата лига првпат во 96-годишната историја, и ултрасите на клубот очигледно не се подготвени да го толерираат тоа, поставувајќи банер пред клучниот меч со Универзидад Консепсион на кој пишува: „Победете или ќе ве убиеме“.

И покрај оваа морбидна порака, големиот број на фановите на Коло-Коло, како и поранешни фудбалери (Артуро Видал од Интер) објавија видеа со поддршка на клубот во клучното гостување во Талка.

Мечот е вториот најважен во историјата на Коло-Коло по славната победа над Олимпија де Парагвај во финалето на Копа Либертадорес во 1991 година, по што играа и со Црвена звезда со Дарко Панчев во Интерконтиненталниот куп.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');