Најдобриот играч на Тотенхем, Хари Кејн, во летниот преоден рок би можел да го напушти клубот. Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ја одредил цената, за напаѓачот кој сезонава има постиганто 21 гол.
Хари Кејн, има договор со Тотенхем до јуни 2024 година и неделна плата од 200.000 фунти.
Во клубот се свесни дека тој има амбиција да освојува трофеи, нешто што не може да го оствари со Тотенхем. Поради тоа е подготвен да го напушти клубот. Поради тоа Леви решил да ги соопшти условите под кои Кејн може да го напушти клубот.
Кејн ќе може да замине доколку некој плати 170 милиони евра.
Клубовите од Манчестер, Јунајтед и Сити, долго време се заинтересирани за Кајен, сумата што ја одреди Тотенхем за нов не би требало да претставува проблем, но прашање дали во период на финансиска криза, се подготвени да инвестираат.
Она што може да биде проблем за Тотенхем е и информацијата дека Јувентус, во летниот преоден рок ќе се обидат да го донесат Сон во Торино.
Потенцијално, наредното лето, Тотенхем може да остане без своите двајца најдобри играчи и стрелци.