Ривалдо, светски првак со Бразил во 2002 година и поранешен фудблаер на Барселона, активен е во медиумите со своите коментари. Рибалдо редовно го дава своето мислење за она што се случува во неговиот поранешен клуб.
Барселона, во вторникот, доживеа дебакл на „Ноу Камп“ од ПСЖ, во првиот осмина-финален натпревар во Лигата на шампионите. Ривалдо смета дека тој меч бил последен за Лионел Меси на домашен терен, во Лигата на шампионите, во дресот на Барселона.
Договорот на Меси со Барселона истекува по завршувањето на сезоната, а тој се уште не решил што ќе прави понатаму, дали ќе остане или ќе го напушти клубот, како што побара минатото лето.
„Лионел Меси го одигра последниот меч за Барселона на „Ноу Камп“, во Лигата на шампионите. Летово ќе отпатува во Франција. Иднината на Меси е во Франција, особено по еден ваков натпревар. ПСЖ ќе му овозможат да се бори за најголемите трофеи“, рекол Ривалдо и дополнил.
„Барселона не може да му ја врати надежта дека ќе се бори за најголемите титули во фудбалот“.