Познатиот кошаркарски хрватски тренер, Александар Петровиќ би можел да стане нов кормилар на АБА – лигашот Сплит.
Популарниот „Аца трица“ кој е актуелен селектор на Бразил добил повик од клубот од Сплит затоа што останаа без шефот на стручен штаб – Ивица Скелина.
Петровиќ е под договор со Бразилците, па ангажманот во хрватскиот клуб пред се ќе зависи од бразилскиот Кошаркарски сојуз. Наводно, желбата на стратегот е паралелно да биде на двете позиции. Преговорите се во тек.
Постариот брат на легендата на светската кошарка Дражен Петровиќ во играчката кариера го носеше дресот на Шибенка, Цибона и Нов Загреб, а тренерската функција ја извршуваше во Цибона, Цедевита и Задар.
Сплит е осми на табелата во регионалното натпреварување.