Top Sport

Барса се мачи со Куман, а Чави „гази“ со Ал Сад во Катар

По минатосезонското срамно испаѓање од ЛШ за Барселона (пораз од Баерн Минхен со 8-2), во вторникот Каталонците во својот фудбалски храм доживеаја тежок удар од ПСЖ, 4-1.

И додека се чини дека актуелниот тренер на Барса, Холанѓанецот Роналд Куман се уште ги бара тактичките решенија и не успева да ја „разбуди“ екипата предводена од Лео Меси, шпанските медиуми наголемо пишуваат за Чави Ернандез кој е кормилар на катарскиот клуб Ал Сад.

Иако јасно е дека катарската лига не може да се спореди со Ла Лига, сепак шпанските медиуми се погласно шпекулираат дека Чави ќе е наследникот на Куман на жешкото столче на „Ноу Камп“.

По 16 кола во Катар, Чави со Ал Сaд е убедливо прв со 13 бода повеќе од Ал Духаил, со 14 победи и 2 нерешени, без пораз. Гол разликата на клубот е страшна, 63:10.

Во тимот настапува Шпанецот Санти Казорла, и тоа на повеќе позиции досега.

Барселона пред една година испрати понуда до Чави, но тој сметаше дека се уште не е дојдено времето да седне на клупата на клубот од Каталонија.

Еден од најдобрите светски играчи од средниот ред за Барса одигра 767 меча, постигна 84 гола и имаше 184 асистенции.

Scroll to Top