Рој Кин, легендарниот „намуртен“ поранешен капитен на Манчестер јунајтед, ја прослави првата недела на Инстаграм со селфи со неговиот внук, кого очигледно го научил да ја има истата „фаца“ како него.
Ирецот веќе доби 1.1 милиони следбеници на Инстаграм страницата (без да следи ниту еден човек) и неговиот профил е полн со „бисери“. Во последниот пост 49-годишниот Кин го откри внукот со порака: „Исто како дедо, секогаш насмеан“.
Рој Кин има пет деца со сопругата Тереза Дојл, Шенон, Караг, Аидан, Леа и Алана.
Ако сте корисници на Инстаграм, тогаш топло ви го препорачуваме Кин, кој покрај Жозе Мурињо во моментов е најдобриот Инстаграм фудбалски профил. Кин досега има три постови – со внукот, со давење на противникот (со порака „Не заборавајте да покажете љубов денеска“) и со својот миленик.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram