Американците одобрија екипа од Мајами да биде 25.тим што ќе се натпреварува во фудбалската МЛС лига. Дејвид Бекам ќе биде сопственик на франшизата, а Мајами во лигата ќе започне да се натпреварува од 2020 година.
Поранешната фудбалска ѕвезда има големи планови за идниот тим. Негова желба е тренер на тимот да биде Карло Анчелоти со кого Англичанецот имал соработка во 2013 година, во ПСЖ.
Доколку Анчелоти ја одбие понудата, во игра би влегле актуелниот тренер на Реал, Зинедин Зидан и поранешниот селектор на САД, Брус Арина.
Бекам планира неколку ѕвезди и во тимот на Мајами. Планот на Бекам е тимот да го предводи Кристијано Роналдо. Португалецот неколку пати рекол дека би сакал да игра во МЛС лигата.
Со Роналдо, Бекам, би сакал да го спои Вејн Руни. Играчот на Евертон уште во времето додека настапуваше за Манчестер јунајтед порача дека планира кариерата да ја заврши во САД.