Депортиво Ла Коруња го отпуштија тренерот Пепе Мел по слабиот старт на сезоната и го ангажираа тренерот на Б-тимот, Кристобал Парало до крајот на сезоната.
„Клубот сака да му се заблагодари на Мел за неговата посветеност, напор и професионалност“, се вели во соопштението на Депортиво.
Мел, кој го презеде тимот во февруари, е петти тренер кој е отпуштен од претседателот на клубот, Тино Фернандес по преземањето на клубот во 2014 година. Тимот од Галиција е само 16. во шпанскиот шампионат со само две победи и осум поени од 9 натпревари. По понеделничкиот пораз од Џирона на домашен терен, Фернандес реши дека Мел веќе не треба да добива шанси.