Иако Вест Бромвич Албион повеќе од еден час играше со човек помалку на теренот по црвениот картон на Ајаји (играње со рака) од 30 минута, сепак домаќинот Барнли не успеа да ја ефектуира бројчаната предност, мечот од 25 коло во ПЛ заврши без голови.
Иако поседот на топката беше на страната на домаќините, избраниците на Сем Алардајс беа поопасни во нападот и упатија неколку прецизни удари кон голот на Поуп.
Освоениот бод има поголемо значење за тимот на ВБА откако и во претходното коло земаа еден поен од Манчестер Јунајтед, па сега со 14 бода се претпоследни на табелата.
Барнли, пак, собра 28 поени, доволни за 15-то место.