Top Sport

Атлетико „со ќорци“ на Леванте, Барди и другарите одиграa за Реал и Барса

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди ги одигра сите 90 минути на гостувањето на Леванте кај лидерот на табелата во шпанската Ла Лига, Атлетико Мадрид.

Пред 3 дена во заостанат меч од лигата Леванте во Валенсија му скина 2 бода на тимот предводен од Чоло Симеоне на патот кон титулата, а денеска изненадувањето е уште поголемо.

По 90 минути борба на „Ванда Метрополитано“ Леванте си заминува со целиот плен, конечни 0-2.

Јунак на мечот е голманот на гостите Дани Кардењас кој собра дури 11 интервенции, а Атлетико упати дури 29 удари кон голот на противникот, наспроти само 6 на гостите.

Сепак Барди и другарите со затворена игра на двапати го матираа Јан Облак.

Најпрво Моралес во 30 минута донесе предност за Леванте, а конечниот резултат го постави Де Фрутос во 95 минута за дотолчување на противникот.

Овој резултат секако оди во корист пред се на второпласираниот Реал Мадрид и третопласираната Барселона кои со победи во ова коло ќе се доближат сериозно до мадридскиот клуб кој загуби 7 бода во последните 4 кола од Ла Лига.

Scroll to Top