Кошаркарската селекција на Бугарија е сензационален патник на Евробаскетот во 2022 година откако денеска ја совладаа Летонија нагости со 66-65.
Бугарскиот репрезентативец, Александар Јанев на 11 секунди пред крајот на мечот погоди слободни фрлања, а во последниот напад Летонците промашија шут за победа.
На останатите денешни мечеви од квалификациите Турција со 88:80 славеше против Шведска, Украина со 70:65 беше подобра од Словенија, а Белгија со 88:65 убедливо ја совлада Данска.
Грција немаше шанси против БиХ, 69:84, додека Германија беше изненадена од Велика Британија, а Чешка со 20 разлика загуби од селекцијата на Литванија, 94-74.
Шок претрпе и селекција на Хрватска, загуби со 57:65 од селекцијата на Холандија.