Top Sport

„Лилјаците“ во фото-финиш ја средија Селта

Фудбалерите на Валенсија триумфираа во 24 коло на Ла Лига. „Лилјаците“ на „Месталја“ со 2-0 беа подобри од Селта Виго.

Иако гостите останаа без својот голман Бланко (црвен картон во 60 минута) сепак одолеваа на нападите на противниците се до 94 минута.

Ваљехо длабоко во судиското продолжение на мечот донесе предноста од 1-0, а точка на сите надежи за позитивен резултат на тимот од Виго стави Гамеиро во 98 минута.

По ова коло Валенсија се проби на 12-тата позиција, а Селта останува десетта.

Scroll to Top