Норвежанецот Мартин Одегард, кој едно време беше нарекуван најталентираниот фудбалер на светот, вели дека ќе ја заврши сезоната со холандскиот Херенвен, но дека на лето сака да се врати во Реал Мадрид и да комплетира барем пред-сезона со „кралскиот клуб“.
Одегард стигна во Реал како 16-годишник, но очигледно не беше доволно подготвен да влезе во првиот тим, по што беше пратен во Херенвен како позајмен играч. Оваа година тој има 25 настапи за клубот, два гола и една асистенција, а постојано е повикуван и во норвешката репрезентација.
„Ќе се обидам да ја завршам сезоната најдобро што умеам и да се вратам во Реал Мадрид за пред-сезоната. Потоа ќе видиме што ќе се случи. Мислам дека уште нема одлука. Уште една позајмица? Можеби, но не сакам да зборувам предвреме“, вели Одегард.
Тој вели дека не жали за времето поминато во Холандија.
„Воопшто не жалам, и навистина сум среќен. Знаев дека морам да имам трпение бидејќи Реал Мадрид е најдобриот клуб на светот“, вели Одегард.
Фото: ЕПА