Top Sport

Холандија ја „разби“ Португалија во Женева (видео)

Холандија стигна до првата победа под водство на новиот селектор Роналд Куман, откако успеа да ја „разбие“ Португалија со 3:0 благодарение на одличното прво полувреме.

Кристијано Роналдо ги спаси Португалците од пораз против Египет со два гола по 90-тата минута за 2:1 победа, но овојпат ѕвездата на Реал Мадрид беше немоќна против разиграните „лалиња“.

Португалците ги начна Мемфис Депај уште во 11. минута, пред Рајан Бабел да го зголеми водството во 39. минута, за во финишот на полувремето, новиот капитен на Холандија, дефанзивецот на Ливерпул, Виргил ван Дајк да се запише во листата на стрелците.

Холандија, за разлика од Португалија, не успеа да се квалификува на Светското првенство во Русија, второ големо натпреварување по Евро 2016 на кое „лалињата“ паузираат.

Фото: ЕПА

Scroll to Top