Милан-Интер и традиционално е огромно градско дерби, популарното „Дерби дела мадонина“, по кое „црвено-црната“ и „црно-сината“ половина на градот ќе зборува надолго цела недела, но овојпат е уште поспецијално – прво бидејќи се работи за директна борба за скудетото, а второ, бидејќи Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку повторно ќе се „судрат“.
Само еден поен ги двои Интер од Милан, клубот кој беше на првото место од почетокот на сезоната, а минатиот месец страстите зовреа во четврт-финалето на Копа Италија.
Ибрахимовиќ и Лукаку се „судрија“ разменувајќи си остри навреди, иако претходно беа соиграчи во Манчестер јунајтед, од каде се влече конфликтот. Златан во интервјуа му нудеше на Лукаку парична награда доколку на тренинг успее да има добар „прв допир“ со топката, и токму затоа го нарече „магаре“ во минатиот натпревар.
Двајцата добија по жолт картон за дуелот (иако можеби заслужија директен црвен), а потоа Ибрахимовиќ беше исфрлен од игра по вториот жолт карто. Кристијан Ериксен во финишот на мечот донесе победа за Интер со фантастичен гол од слободен удар.
Италијанската федерација отвори истрага за расправијата, но и покрај тоа, двајцата останаа чудно тивки, со малку коментари за инцидентот. Ибрахимовиќ се јави со порака дека „во светот на Златан нема место за расизам“ откако беше обвинет дека навредата: „Оди викни ја мајка ти, правете го вуду ср.њето“ е расистичка.
Фановите и покрај контроверзите, очигледно беа инспирирани од пресметката, цртајќи мурал пред „Сан Сиро“ со нивниот дуел.
Мечот почнува во 15 часот.