Кристал палас ја прекина низата од два порази во Премиер лигата, откако Кристијан Бентеке постигна гол во 95. минута за 2:1 победа кај Брајтон понеделничкиот премиерлигашки натпревар, во кој двата тима се обидуваа да освојат поени за сигурен финиш на сезоната без ризик за испаѓање.
Во 28. минута од мечот, 23-годишниот Французин, Жан-Филип Матета го постигна својот прв премиерлигашки гол во кариерата на навистина спектакуларен начин, со фантастична реакција со петица за 0:1 водство на Палас. Матета пристигна во тимот на Рој Хоџсон во јануари како позајмен фудбалер од германскиот Мајнц.
Брајтон успеаја да стигнат до израмнување во 55. минута од мечот преку Холанѓанецот Џоел Фелтман, но немаа сили за три поени, пред Кристијан Бентеке во 95. минута да ги шокира домашните фудбалери.
Кристал палас сега се на 13. место на табелата со 32 поени, додека Брајтон се 16. со 26 поени. Фулам, првиот тим во зоната за испаѓање има 22 поени.