Македонската репрезентација до 19 години, стигна до импресивна 2:0 победа над актуелните шампиони Англија во квалификациите за ЕП во Финска, благодарение на фантастичниот гол со ножички на Јани Атанасов.
Фудбалерот на Академија Пандев уште во третата минута го „стресе“ голманот Џејми Камингс, кој припаѓа на школата на Челси.
Дека победата не е „среќна“, покажа талентот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски, кој ја потврди победата во 91. минута од мечот.
Иако Македонија веќе беше елиминирана, убаво е да се забележи првата победа во елитните квалификации на тимот на селекторот Вујадин Станојковиќ, по двата тесни порази од Летонија (1:2) и Унгарија (3:4). Македонија претходно ја мина квалификациската група со три победи (над Белгија, Лихтенштајн и Швајцарија).
GIF of the great bicycle kick goal for Jani Atanasov in the Macedonia – England U19 game.
Nice cross from RB Todor Todoroski and then a phenomenal finish by Atanasov. Worthy goal to give our U19’s the lead over England.
It is 1:0 at halftime. The 2nd half is about to start. pic.twitter.com/Tc3gz9NrvV
— Macedonian Football (@MacedonianFooty) March 27, 2018