Данил Медведев, уште еднаш го коментирал поразот од Новак Ѓокоивќ, во финалето на Австралија опен. Ѓоковиќ, лесно за нецели два часа, го победи Медведев со 7/5, 6/2, 6/2.
Рускиот тенисер, во финалето, влезе со серија од 20 победи, меѓутоа против Ѓоковиќ беше неможен да прикаже нешто повеќе на теренот.
„Новак е еден од тројцата најтешки противници против кои сум играл во кариерата. Кога играте против членовите на „големата тројка“, доколку се наоѓаат во комфорната зона, тогаш тие се многу подбри од нас останатите“, рекол Медведев.
Својот пораз, Медведев, го споредил, со поразот што го доживеа Надал од Ѓоковиќ, во финалето на Австралија опен во 2019 година (6/3, 6/2, 6/3).
„Мислам дека се чувствував како Надал во 2019 година“.
Медеведев и покрај поразот во Мелбурн, успеа да го достигне најдобриот пласман на АТП листата, во кариерата. Русинот од вчера е број 3 на листата, пред него се само Ѓоковиќ и Надал.