Top Sport

Сампаоли се сели во Олимпик Марсеј

Аргентинецот Хорхе Сампаоли (60) е новиот тренер на Олимпик Марсеј. На „Велодром“, Сампаоли доаѓа од Атлетико Минеиро, на чија клупа седеше од март 2020 година.

Сампаоли, во четврток, последнен пат ќе го предводи Атлетико Минеиро, а потоа ќе пристигне во Марсеј, на чија клупа ќе го наследи Андре Вилас-Боаш. Португалецот доби отказ, откако пред еден месец, на прес конференција, незадоволен од трансфер-политика, ги нападна вербално клупските челниици.

„Дојде крајот. Последен пат ќе го водам Атлетико, во четврток, против Палмеирас. Жал ми е што цело време работев пред празни трибини“, рекол Аргентинецот.

Клубот од Бело Хоризонте, во пресрет на последното коло, се наоѓа на третото место на табелата, со два бода повеќе од Сао Паоло.

Сампаоли, втор пат во кариерата, ќе работи во Европа. Сезоната 2017/2018 ја мина во Севилја.

Во кариерата овој искусен тренер бил селектор на Чиле и Аргентина. Со Чиле два пати го освои трофејот во Копа Америка, а со Аргентина не се прослави на Светското првенство во Русија.

Scroll to Top