Напаѓачот на Милан, Марио Манџукиќ, ќе го пропушти реваншот против Црвена звезда,во Лига Европа. Овој дуел на програмата е во четврток, во Милано.
Поранешниот хрватски репрезентативец, ја повредил тетивата минатиот четврток, кога овие два тима го одиграа својот прв меч во Белград (2:2). Манџукиќ во Белград одигра 80.минути.
Манџукиќ, во зимскиот преоден рок, потпиша договор со Милан.
Неговото неиграње во нападот ќе му отвори место на Анте Ребиќ или Рафаел Леао.