Top Sport

Екс-играч на Лацио избегал од Трепча кога ја видел соблекувалната

Белгиецот Луис Педро Каванда не сакал да го потпише договорот со фудбалскиот клуб Трепча, откако видел со каква инфраструктура располага клубот од Косовска Митровица.

Претседателот на Трепча, Абедин Зика, на медиумите им раскажал што точно се случувало.

„Каванда дојде кај нас. Му купивме авионски билет, го пречекавме, го сместивме во хотел, го однесовме до Приштина во најлуксузните ресторани. Им кажав на соработниците дека се плашам дека ќе ни избега. Кога го донесов во Косовска Митровица, го однесов на стадионот. Во моментот кога влезе во соблекувалната, не сакаше ниту секунда повеќе да остане. Замислите да требаше да тргне со нас на гостување во Гнилане. Не можеше да се соземе кога ја виде соблекувалната, не остана ниту 10 секунди“, рекол Зика.

Првиот човек на Трепча дополнил дека фудбалерот бил задоволен од финансиските услови, но не и од она што го видел.

Каванда во кариерата играл за Лацио, Торино, Бари, Трабзон, Галатасарај и Стандард Лиеж, има и два настапи за репрезентацијата на Белгија.

Website https://kissanime.mx: Watch Triton of the Sea (1979) kissanime Episode 2 kissanime fairy tail

Soul Worker: Your Destiny Awaits (https://animeflv.uk/m/kgyq) Episode 5

Website https://aniwatch.pro: Watch Coffee Break aniwatch Episode Full watch anime

AnimeHeaven: Appleseed: Ex Machina anime episode Full online free at https://animeheaven.pro anime websites

Animefreak-73 webselfsite: https://animefreak-73.webselfsite.net/

Forums bagisto: https://forums.bagisto.com/user/animefreakws

Scroll to Top