Top Sport

Црногорците „извлекоа“ реми со Турција (видео)

Црна Гора губеше со 0:2 од Турција по само 23 минути игра, но успеаја да се изборат за 2:2 реми во Подгорица.

Џенгиз Ундер уште во 11. минута го совлада Жарко Томашевиќ, а Окај Јокушлу во 23. минута донесе убедлива предност за тимот на Мирчеа Луческу. Сепак, ова не ги деморализираше „соколите“ и тие беа подобар тим во остатокот на натпреварот.

Мирко Ивановиќ намали на 1:2 пред крајот на полувремето, по одличниот центаршут на Томашевиќ. По шансите на Марушиќ во 47. и Симиќ во 55. минута, Стефан Мугоша, фудбалер на корејскиот Инчон, со одличен потег ја помина одбраната и го совлада голманот Волкан Бабаџан во 87. Минута за реми на тимот на селекторот Љубиша Тумбаковиќ.

Швајцарија со 6:0 го прегази учесникот на СП во Русија, Панама, додека Косово го доби и вториот меч под водството на новиот селектор, Бернар Шаланд, откако со 2:0 го совладаа тимот на Буркина Фасо.

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ

Косово – Буркина Фасо 2:0

Швајцарија – Панама 6:0

Црна Гора – Турција 2:2

Scroll to Top